Скокни до содржината
Совети

КАКО ДА ПОРАСНЕШ САМОСТОЈНО, А НЕ ПОСЛУШНО ДЕТЕ

· ·2 мин. читање
КАКО ДА ПОРАСНЕШ САМОСТОЈНО, А НЕ ПОСЛУШНО ДЕТЕ

„Измиј ги забите!“
„Облечи се!“
„Земи го ранецот!“
И повторно. И повторно. Секое утро.

Но, што ако потсетувањето не помага – туку е лоша услуга?

🧠 НЕ ВАЖНА САМО ХИГИЕНАТА - ИМАЈ ЈА НА УМ И САМОСТОЈНОСТА

Да, важно е да ги четкаме забите. Но поважно е нешто друго: детето да научи како да биде самостојно – без некој постојано да стои над него.

Ако секогаш ние сме тие што ги потсетуваме, што учат нашите деца?
Дека одговорноста е надворешна. Дека некој друг ќе ги менаџира, ќе ги следи, ќе ги насочува.

Постојано потсетувајќи и давајќи наредби, даваме порака:
„Не верувам во тебе.“

И така, со тек на време, наместо некој што размислува, детето ќе порасне во личност која чека.
Чека потсетување. Чека дозвола. Чека насока.

Од „заборавив да ги измијам забите“, доаѓаме до:
„заборавив да ја напишам домашната задача“,
„заборавив да пратам мејл“,
„заборавив да наместам аларм“.

👀 ОДБИВАЊЕТО Е СИГНАЛ – НЕ ПРОБЛЕМ

Кога детето одбива да направи нешто, тоа не значи дека води инат. Тоа значи: сакам простор да одлучам сам/а. Не e "непослушно дете" – туку сака да има контрола и да биде самостојно.

📌 ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ?

✅ Наместо наредба, понуди избор.
„Ќе ги измиеш забите прво или ќе се облечеш?“
(Изборот носи чувство на автономија.)

✅ Не интервенирај веднаш.
Ако еднаш заборави да го подготви ранецот за на училиште – не е крај на светот. Дозволи му да научи од своето искуство.

✅ Биди модел, не надзор.
Кога ти се грижиш за себе без драма – моделираш трајни навики.

🎯 НЕ БИДИ МЕНАЏЕР НА ТВОЕТО ДЕТЕ - БИДИ МЕНТОР

Твојот глас не треба секогаш да биде аларм. Понекогаш доволно е само да замолчиш и да гледаш како тие сами прават избор.
И да – ќе има грешки и пропусти. Но токму преку тие грешки се гради самостојна личност со внатрешната мотивација.

За вебинари поврзани со повеќе теми за родителство, пријавете се на нашиот newsletter и бидете во тек со сите новости!

Сподели: